Европско првенство 2026Ракомет

(ВИДЕО) Историја на ЕП: Франција урна рекорди и го „запали“ Хернинг против Португалија

Сподели
ФОТО: EHF EURO | facebook
Сподели

Ракометната репрезентација на Франција испиша златни страници во историјата на Европските првенства, откако во спектакуларен натпревар ја совлада Португалија со 46:38 и притоа сруши неколку значајни рекорди.

Дуелот од главната фаза ќе остане запаметен по неверојатното прво полувреме на „триколорите“. Европскиот првак постигна дури 28 голови за 30 минути, што е нов рекорд на ЕП, надминувајќи го досегашниот на Полска од 26 погодоци против Белорусија. Уште поимпресивен е податокот дека Франција реализираше 28 гола од само 32 обиди, со фантастична ефикасност од 88 проценти.

Иако Португалија прикажа подобра игра во вториот дел, Французите рутински го контролираа ритамот и со вкупно 46 голови го приведоа мечот кон убедлива победа. Со вкупно 84 погодоци, овој натпревар официјално стана најефикасниот во историјата на Европските првенства, надминувајќи го претходниот рекорд од 81 гол.

Најзаслужни за француската ракометна рапсодија беа Дика Мем со осум погодоци, Фабрегас со шест и Ришарсон со пет, додека кај Португалија дури петмина ракометари завршија со по пет голови.


По ова коло, Франција стигна до четири бода и останува сериозен кандидат за полуфинале, додека Португалија има два бода и ја очекува тешка борба во продолжението на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!