Второлигашот Детонит Плачковица се засили со повратникот Тони Мичковски, кој одново ќе го носи дресот на тимот од Радовиш.
24-годишниот фудбалер од Берово се приклучува на старо-новиот тим и со тоа се става на располагање на стратегот Горан Здравков, со што веќе утре би можел да заигра за Детонит Плачковица на контролниот меч со Осогово.
Мичковски го радовишкиот тим доаѓа од редовите на второлигашот Каменица Саса, покрај за овие две екипи, има настапувано за Беласица, Кожуф, Силекс, Кит Го од Пехчево и Брегалница.
Како што веќе објави Спортска Мрежа, радовишани претходно се засилија со повратникот Тони Мирчевски, Љупче Христовски, голманот Павле Петревски и младиот Омер Сулејмани.
Детонит Плачковица пролетниот дел го отвара на домашен терен против “фенерџијата” Големо Коњари.