Останато

Капитенот Никола Ѓоргиев и Александар Љафтов со нови клубови: капитенот во Чешка, примачот се врати во Европа

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Нашите одбојкарски репрезентативци, капитенот Никола Ѓоргиев и примачот Александар Љафтов, на полусезоната се одлучија за промена на клупската средина и веќе ги официјализираа своите нови ангажмани.

Капитенот Никола Ѓоргиев, кој во првиот дел од сезоната настапуваше во Романија во редовите на Динамо Рапид, во продолжението од шампионатот ќе настапува во чешката Екстралига. Тој потпиша за Карловарско, тим кој моментално е лидер во првенството и важи за еден од најсериозните кандидати за титулата оваа сезона.

Чешкиот клуб официјално го претстави македонскиот репрезентативец, за кого ова е веќе 21. интернационална сезона, а воедно ќе биде и негов прв настап во Чешка во богата професионална кариера.

Од друга страна, примачот Александар Љафтов, по една полусезона помината во Кувајт, од почетокот на оваа година повторно се врати на европската сцена. Љафтов е ново засилување на унгарскиот МАВ Елоре, клуб кој сезонава има високи амбиции и важи за еден од главните кандидати за освојување на шампионската титула во националното првенство.

Двајцата интернационалци веќе им се приклучија на своите нови тимови и ќе бидат важни алки во вториот дел од сезоната, а нивната форма и континуитетот во настапите ќе имаат големо значење и за македонската репрезентација во пресрет на летните предизвици.

Македонија ова лето ја очекуваат важни настапи на меѓународна сцена – Европската лига 2026, како и учеството на Европското првенство 2026, каде што од Ѓоргиев и Љафтов се очекува да бидат меѓу носителите на играта.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!