Втора лигаФудбал

Никола Талески од Победа стана најдобар стрелец во Втора лига, Христов е втор!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По 11 одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига дојде до промена на листата на најдобри стрелци. Никола Талески од Победа е најдобар стрелец со десет погодоци и прв играч кој стигна до двоцифрена бројка на постигнати погодоци.

19-годишникот на последниот меч против Вардарски постигна четири погодоци и со тоа изби на врвот на листата на најдобри стрелци пред Симеон Христов кој сега е втор најдобар стрелец, со тоа што фудбалерот на Македонија ЃП има осум погодоци.

По седум погодоци имаат Дарко Гроздановски од Кожуф и Андреј Симевски од Каменица Саса. Гроздановски на почетокот од првенството ги тресеше мрежите, а сега на последните натпревари нема погодоци и започна да паѓа на листата на најдобри стрелци.

Хусеин Демири е најдобар стрелец на Башкими, кој има постигнато шест погодоци, а со по пет погодоци се Сашо Дуков кој е најдобар стрелец на Охрид, Димче Јовов кој е најдобар стрелец на Беласица, Аљбин Рамадани и Шефит Шефити од Арсими и Меметриза Хамза од Башкими.

Листата на постигнати автоголови се прошири на четири фудбалери. Кристијан Јордановски од Борец, Мартин Димоски од Каменица Саса, Павле Петров од Борец и Лука Трајкоски од Детонит Плачковица се фудбалери кои си постигнале автоголови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!