Есенскиот шампион во Втора лига, Охрид утре ќе го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки против прволигашот Работнички.
Натпреварот ќе послужи и за двајцата тренери да ја проверат формата за предизвиците во пролетниот дел. Тренерот на „рибарите“ Ромео Кочоски ќе може да ја провери формата на неговиот тим кој цели кон влез во Прва лига, а пак од друга страна новиот стратег на „романтичарите“ Муарем Муарем ќе може да ја провери формата со цел да види како ја подига формата за опстанокот во Прва лига.
Натпреварот е закажан за во 13:30 часот.