Ракомет

ФОТО: Аеродром стартуваше со подготовките и најави шест нови засилувања за пролетниот дел!

Сподели
ФОТО: РК Аеродром
Сподели

Ракометарите на Аеродром веќе една седмица активно се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Под водство на тренерот Митко Стоилов, екипата ги одработува тренинзите во СЦ „Јане Сандански“, каде се кова формата за предизвиците што следуваат во продолжението од шампионатот.

Аеродром есенскиот дел од сезоната го заврши на одличното петто место со освоени 14 бодови, со биланс од седум победи и шест порази, со што се пласираше меѓу ТОП 5 екипите на табелата.

Во зимскиот преоден рок, клубот го напушти само пикерот Матеј Марковски, кој ја продолжи кариерата во редовите на суперлигашот Бутел Скопје. Од друга страна, стручниот штаб ќе има на располагање дури шест нови ракометари за пролетниот дел од сезоната.


Новите имиња во ростерот на Аеродром се пикерот Ангел Мирчески, десното крило Петар Тодоровски, голманот Филип Митев, средниот бек Стефан Стефаноски и левото крило Аган Бериша, кои треба да донесат свежина, конкуренција и поголема ширина во составот.

Пролетниот дел од првенството Аеродром ќе го отвори со гостување кај Драчево Јуниор, натпревар кој ќе биде прв тест за формата на екипата по подготвителниот период.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!