Ракомет

ФОТО: Стевче Алушовски го одработи првиот тренинг како тренер на Еурофарм Пелистер

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер официјално започна ново поглавје откако Стевче Алушовски го одржа својот прв тренинг како шеф на стручниот штаб. Во салата „Боро Чурлески“ во Битола, трофејниот тренер за првпат ја предводеше екипата, означувајќи почеток на период во кој клубот влегува со јасни амбиции и високи очекувања.

По неколкудневната работа под водство на помошните тренери Лембанов и Соколески, Алушовски го презеде тимот во клучен дел од сезоната, кога „зелено-белите“ ги очекуваат големи предизвици на домашната и европската сцена. Дел од ростерот сè уште е отсутен поради настапите на Европското првенство, а деветте репрезентативци ќе се приклучат веднаш по завршувањето на репрезентативните обврски.

Еурофарм Пелистер есенскиот дел од Суперлигата го заврши на второто место со 30 освоени бодови, четири помалку од лидерот Вардар. Битолчани пролетниот дел од првенството ќе го отворат со дуел против Еурофарм Пелистер 2, а главната цел останува јасна – одбрана на шампионската титула.

Во битката за врвот, покрај Пелистер, влегуваат и Вардар, Охрид и Алкалоид, што најавува исклучително возбудлива завршница во домашното првенство.

Покрај обврските во Суперлигата, битолчани ги очекуваат и најмалку уште четири натпревари во Лигата на шампионите, каде ќе ги одмерат силите со Висла Плок, ГОГ Гудме, Пари Сен Жермен и Барселона.

Со доаѓањето на Алушовски, Еурофарм Пелистер јасно сигнализира дека влегува максимално фокусиран во борбата за домашни трофеи на сите фронтови.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!