Европско првенство 2026Ракомет

Хрватска сигурно во главната фаза, Србија во исчекување, Чешка со заслужена победа

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Хрватската репрезентација го завери настапот во главната фаза на Европското првенство со убедлива победа над Холандија од 35-29 во директниот дуел во Малме. Натпреварот понуди рамноправна борба во поголемиот дел од првото полувреме, со чести промени во водството, сè додека „коцкестите“ не ја искористија серијата во финишот од првиот дел и со погодокот на Циндриќ во 20. минута првпат создадоа поосетлива предност (11-8).

Иако Холандија двапати успеа да се доближи на еден гол разлика, избраниците на Дагур Сигурдсон со цврста одбрана и брзи реализации ја задржаа контролата и на пауза заминаа со плус два (15-13).

Во продолжението сценариото остана исто – Хрватска диктираше темпо, а Холандија упорно одбиваше да се предаде. Клучниот момент се случи во 41. минута, кога Холанѓаните не ја искористија контрата за водство, а стативата им помогна на Хрватите. Во завршните десет минути предноста порасна на пет голови (30-25), што беше доволно за мирен финиш и славје по конечните 35-29. До крајот од групната фаза Хрватска ќе се бори со домаќинот Шведска за првата позиција во групата.

Во Хернинг, Србија пропушти шанса сама да го обезбеди пласманот во главната фаза. По големата победа над Германија, „орлите“ разочараа против Австрија и со пораз ги ставија своите надежи во рацете на Шпанија. Србите тешко влегуваа во ритам и во најголемиот дел од првото полувреме беа во негатива, а предноста ја презедоа дури во самиот финиш (13-11). Сепак, на пауза заминаа со минимални 13-12.

Второто полувреме целосно им припадна на Австријците, кои најпрво израмнија, а потоа и поведоа, одржувајќи стабилна разлика од два гола, што во 54. минута порасна и на плус три. Во драматичниот финиш Србија успеа да се доближи на само еден погодок (26-25), резултат кој ѝ носи пласман во следната фаза само доколку Шпанија ја совлада Германија.

Во Осло, дуелот меѓу Чешка и Украина имаше само престижен карактер, откако двете селекции претходно ги загубија шансите за главната фаза. Во борбата за третото место во групата Ц подобра беше Чешка, која доминираше во текот на целиот натпревар и заслужено славеше со убедливи 38-29 (17-14).

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!