Второлигашот Новаци го претстави своето трето зимско засилување за вториот дел од сезоната, се работи за младиот Лука Лисолајски.
Се работи за 18-годишен талент од Битола, кој доаѓа од редовите на скопски Вардар каде настапуваше во младинската и кадетската суперлига, а сега ќе дебитира во сениорска конкуренција односно во Втората лига во дресот на Новаци.
Својата кариера Лисолајски ја започна во битолски Топ Гол, а потоа беше дел од младинските категории на Пелистер.
Новаци претходно се засили со Стефан Секирски од Беласица и Мартин Пивковски од Детонит Плачковица.