Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот ЖФК Љуботен ќе ја проверува формата со силни ривали: Црвена Звезда, Будуќност, Машинац…

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен | АРХИВА
Сподели

Актуелниот шампион во Првата женска фудбалска лига, ЖФК Љуботен, ќе одигра шест пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата во пресрет на пролетниот дел од сезоната, во кој тетовскиот клуб ќе атакува на одбрана на двојната круна.

Љуботен ќе има два домашни и четири меѓународни тест-натпревари, што ќе му овозможи на стручниот штаб јасен увид во моменталната подготвеност и напредокот на екипата.

Првиот контролен меч е закажан за 31 јануари против Вардар и ќе се одигра во Тетово. Потоа следува дуелот со Митровица на 3 февруари во Косово, додека на 9 февруари македонскиот шампион ќе се соочи со Машинац во Ниш, Србија. Само два дена подоцна, во Белград, Љуботен ќе одигра пријателски натпревар против Црвена Звезда.

На 14 февруари, во Струмица, тетовскиот тим ќе ја провери формата против Тиверија Брера, а серијата контролни средби ќе биде заокружена на 18 февруари во Охрид, со дуел против црногорската Будуќност.


Преку овие натпревари, Љуботен ќе се соочи со исклучително силни и квалитетни противници, што претставува сериозен тест во пресрет на продолжението од сезоната. Шампионот есенскиот дел го заврши на второто место на табелата, со два бода помалку од лидерот Скопје, што најавува исклучително возбудлива и неизвесна пролет.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!