Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

Срце, карактер и бод: Македонија извлече реми со Португалија во Хернинг

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација одигра натпревар за паметење и освои голем бод против фаворизираната Португалија, ремизирајќи 29-29 во второто коло од Европското првенство 2026. Во меч исполнет со пресврти, повреди и огромна борба, избраниците на Кирил Лазаров покажаа карактер и се вратија од сериозна негатива во второто полувреме.

Македонија одлично го отвори натпреварот, со цврста одбрана и сигурен Никола Митревски меѓу стативите, што донесе рано водство од 4-2. Нападот функционираше течно, а Кузмановски, Велковски и Стојковиќ ја носеа играта во почетната фаза. Сепак, исклучувањата и црвениот картон на Маркоски во првото полувреме го нарушија ритамот, што Португалија го искористи за минимална предност на одмор (13-15).

Дополнителен проблем за Македонија беа повредите на Џонов и Петар Атанасијевиќ, поради што дојде до ротации и импровизации во нападот. Второто полувреме започна лошо, со серија грешки, а Португалците стигнаа и до „плус пет“ (13-18), наметнувајќи игра „седум на шест“ која донесе резултат.

ФОТО: Принтскрин

Но, Македонија не се предаде. Со Филип Кузмановски како вистински лидер на теренот и со влезот на Мартин Томовски на голот, започна големото враќање. Серија одбрани, зголемена агресивност во одбраната и трпелив напад ја стопија разликата, а во финишот се влезе во целосна драма.

ФОТО: Принтскрин

Во последните минути се играше гол за гол, Кузмановски погодуваше под фаул и од пенал, Серафимов реализираше во клучен момент, а Велковски донесе израмнување на 29-29. Во самиот финиш, Томовски запиша две спектакуларни одбрани и му обезбеди бод на македонскиот национален тим.

Филип Кузмановски одигра натпревар на кариерата во репрезентативниот дрес со дури 15 постигнати голови, додека Томовски беше херој во завршницата. Следниот и решавачки натпревар за Македонија е на 20 јануари против Романија, каде што ќе се одлучува за пласман во следната фаза.

Во однос на останатите денешни натпревари од 18 часот – Црна Гора убедливо беше декласирана од Фарски Острови со резултат од 24:37, додека пак Полска со 23:31 загуби од Исланд.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Македонија во АДИДАС дрес со жолта боја ќе игра против Данска во баражот за СП!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес информираше дека по истекот на договорот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Влатко Колев го објави списокот: Македонија У17 во битка за пласман на ЕП

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Влатко Колев го објави списокот...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!