Ракомет

Охрид славеше во Белград за нов пехар – индивидуални награди и признание за тренерот Ројевиќ

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат со одличните настапи во подготвителниот период, откако триумфираа на меѓународниот турнир „Вук Рогановиќ“ што се одржа во Белград. Македонскиот суперлигаш во финалето беше подобар од словенечкиот Тримо Требње и заслужено се закити со нов трофеј.

Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа контролирано и зрело финале, наметнувајќи свое темпо уште од самиот почеток. Охрид имаше резултатска предност во поголемиот дел од натпреварот и на крајот славеше со 23:28, потврдувајќи ја добрата форма и јасните амбиции пред стартот на сезоната.

Индивидуалните признанија исто така завршија во рацете на охриѓани. Стефан Петриќ беше прогласен за МВП на финалниот натпревар, додека Тилен Стрмљан ја доби наградата за најкорисен играч на целиот турнир. Дополнително признание доби и стратегот на Охрид, Борис Ројевиќ, кој беше избран за најдобар тренер на турнирот.

Со овој успех, Охрид уште еднаш покажа дека чекори во вистинска насока, а добрите резултати на меѓународна сцена се дополнителен сигнал дека „гладијаторите“ со голема самодоверба го очекуваат продолжението од сезоната.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски се врати во Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!