Шкеднија Арачиново како на тренинг натпревар ги декласира своите противници, откако денес во рамки на 9. коло ја декласираше Беса Влазрими со 8:0 со што тимот од Арачиново е непоразен лидер и оди сигурно кон баражот за Втора лига.
Цаколи и Ариф по двапати ја тресеа мрежата на противникот, а по еден постигнаа Шаип, Алити, Трпески и Мамути.
Голема радост за новиот третолигаш Пчиња, кој дојде до втората сезона радост во Трета лига – Север, откако денес славеше убедливо и сигурно над Риниа со 4:1. Двоен стрелец Цветковски, а по еден гол постигнаа Пешевски и Стојчевски, за Риниа погоди Сума.
Њу Старс и Башкими Љуботен ги поделија бодовите откако одиграа ефикасен меч од аспект на погодоци за конечни 3:3. Томовски двапати погоди за домаќинот, а Блажески беше стрелец на еден гол за Њу Старс. За Башкими Љуботен, Авдулаи беше стрелец на три гола.
Аердром дојде до минимална победа од 1:0 со голот на Недељковиќ над Академија Илинден, а пак ланскиот шампион Куманово кој не го помина баражот за Втора лига, претрпе пораз од Фортуна со 0:2 со головите на Емини и Мифтар.
БВК Корање и Ржаничино ги поделија бодовите откако ремизираа играјќи 3:3 каде за домаќинот стрелци беа Алили, Бишевац и Бакиевски, а за гостинската екипа стрелци на погодоците беа Калач, Бајатовски и Симоновски.
Поранешниот второлигаш Кадино на домашен терен беше поразен од некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ со високи и сигурени 1:3. Николовски беше единствениот стрелец за домашниот тим, а за гостинот Анчевски, Петковски и Богдановски.
Александар Ванев, М-Нет