Ракометарите на ГРК Охрид ги започнаа подготовките за втората полусезона од Супер лигата на 9 јануари, а десетдневниот подготвителен период го одработија во Србија.
Во периодот од 9 до 16 Јануари, охриѓани престојуваа во Врбас, каде што ги одработија зимските подготовки и на 13 Јануари победија на пријателскиот натпревар против екипата на Врбас, кој веќе е дел од подготвителниот биланс.
По завршувањето на базичниот дел од подготовките, ГРК Охрид се пресели во Белград, каде што настапува на петтото издание на турнирот „Вук Рогановиќ“.
Денес, со почеток од 16:00 часот, охридскиот состав ќе го одигра полуфиналниот натпревар против РК Динамо Панчево, додека утре се закажани дуелите за конечен пласман.
Покрај ГРК Охрид и Динамо Панчево, учесници на турнирот се и РК Партизан од Србија и РК Тримо Требње од Словенија.
На подготовките недостасува Дарко Ѓукиќ, кој моментално настапува за репрезентацијата на Србија на Европското првенство 2026.