Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

„Португалија е одлична, но не е Данска“ – пораката на Лазаров пред утрешниот дуел

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

По поразот од домаќинот Данска, на стартот на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација веќе го насочува фокусот кон следниот предизвик – дуелот со Португалија.

На денешната средба со новинарите, селекторот Кире Лазаров истакна дека Португалија пристигнала на шампионатот со високи амбиции, но нагласи дека сепак не припаѓа во истата класа со актуелниот европски и светски гигант Данска.

„Португалија е одлична селекција и овде дојде да се бори за медал, но не е на нивото на Данска. Мораме да бидеме позитивни и реални и да се обидеме да одиграме подобро од вчера. Сите посакуваме изненадување, но мора да стоиме цврсто на земја и да бидеме компетитивни“, изјави Лазаров.

Македонскиот селектор потенцира дека португалската репрезентација е детално анализирана и дека нивните амбиции значително пораснале во изминатиот период.

„Цела ноќ се занимавам со Португалија, како и изминатите шест месеци. Нивните апетити пораснаа, мислат дека можат и до медал. Ќе се обидеме да им го пореметиме планот“, додаде Лазаров.

Лазаров се осврна и на поразот од Данска, нагласувајќи дека ваквите натпревари се дел од процесот на учење и созревање.

„Ноќите за тренерите на големите натпреварувања се непреспиени. Мораме да сработиме и тоа што било и тоа што ќе биде. Данска се подготвува да биде европски првак и можеш да ги изненадиш само 5-10 минути. Ова е големо искуство за сите нас и треба побрзо да го заборавиме овој натпревар“, заврши селекторот.

Македонија натпреварот против Португалија ќе го одигра утре од 18:00 часот во Хернинг, во рамки на второто коло од групната фаза на Европското првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!