Прва лигаФудбал

Работнички донесе уште едно засилување, потпиша со српскиот дефанзивец Никола Пејовиќ

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

27-годишниот Никола Пејовиќ и официјално е ново засилување на ФК Работнички, со што скопскиот клуб добива искусен и разновиден дефанзивец во пресрет на продолжението од сезоната.

Пејовиќ е фудбалер кој се одликува со сигурност и дисциплина во играта, а неговата најголема предност е можноста да одговори на повеќе позиции во одбраната. Примарно настапува како стопер, но подеднакво квалитетно може да биде и решение на десната бековска позиција, што му дава дополнителна тактичка флексибилност на стручниот штаб на Работнички.

Неговиот последен ангажман беше во редовите на Борац Бања Лука, додека зад себе има богата интернационална кариера. Пејовиќ има настапувано во Словенија за Рудар Велење, во Хрватска за Локомотива Загреб и Рудеш, во Србија за Пролетер и Земун, како и во Италија каде беше дел од Емполи и Пистоезе.

Со вакво искуство стекнато во различни фудбалски средини, Никола Пејовиќ се очекува да донесе стабилност, цврстина и лидерство во одбраната на Работнички, а неговото доаѓање претставува јасна амбиција на клубот за подобри резултати во продолжението од шампионатот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!