ФудбалФутсал

Есенскиот шампион Проект ги започна подготовките – целта е двојна круна!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Есенскиот шампион во Првата футсал лига, Проект од Јосифово ги започна зимските подготовки за пролетниот дел. Амбициите на клубот за вториот дел од сезоната покрај шампионската титула е и освојување на Куп титулата односно поранешниот шампион на Македонија атакува на освојување на двојната круна.

Како што дознава Спортска Мрежа во првите седум дена од подготовките акцент е ставен на физичката подготовка, а потоа и на тактичко-техничкиот дел. Атмосферата е на највисоко ниво и со нетрпение се очекува стартот на пролетниот дел.

Од клубот за Спортска Мрежа потврдуваат дека е поставена и нова цел – а тоа покрај освојување на шампионската титула, да се освои и Куп титулата. Во моментот според нашите информации клубот води преговори за одигрување на два меѓународни пријателски натпревари низ кои ќе се проверува формата.

Ростерот останува не променет, сите играчи остануваат во тимот од Јосифиво, задоволни и мотивирани за пролетниот дел да се врати титулата во своите редови. Се водат преговори за едно засилувања дознава Спортска Мрежа, останува клубот да потврди и да го промовира новото засилување во следниот период.


Проект одигра фантастична есенска полусезона и ги декласираше сите екипи во шампионатот, на секој натпревар имаше големи и убедливи победи. Тимот има девет од девет и максимални 27 бодови на своето конто, а пак конкурентите бранителот на титулата Форца и Кеги Моби со по 21 бод го делат второто место.

Овие две екипи ќе бидат конкуренти, но разликата од шест бодови веќе е сериозна предност за Проект на патот да ја врати титулата, со тоа што сите работи зависат само од непоразениот лидер.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!