Македонија со поразот го започна настапот на Европското првенство 2026 откако загубивме на првиот меч од домаќинот Данска со резултат од 36:24.
По натпреварот нашиот голман Мартин Томовски даде свое видување за натпреварот.
„Без разлика што Данска е најдобра, сепак излеговме на теренот и дадовме максимум. Тие техничките грешки на почетокот не чинеа доста скапо, а тим како Данска знаеше тоа да го казни. Мислам дека овој натпревар може многу да ни помогне, да анализираме и да направиме добра подготовка за следниот натпревар против Португалија, да ги поправиме тие грешки, да се консолидираме во одбраната, едноставно да бидеме подобри и да атакуваме на позитивен резултат. Верувам дека ќе имаме еден поинаков натпревар со Португалија, иако и они играат брзо и тие имаат слабости. Добро ги анализиравме. Верувам дека како што кажав овој натпревар беше само увертира и патоказ како не треба, да ги коригираме грешки и да одиме на се или ништо против Португалија“, рече нашиот голман.
Следен предизвик ќе биде Португалија, меч кој ќе биде клучен во нашата група, а пак во вторник ќе играме со Романија.