Влазними Јуниор со „петарда“ го „разнесе“ Превалец на домашен терен во меч каде домаќинот славеше победа од 5:1.
Во првиот дел гол даде Мевлан Усеиноски во 40. минута за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Велиоски погоди за 2:0, а во 63. минута Коџабанов намали на 2:1.
Наместо притисок за израмнување, домашниот тим со два брзи гола веќе имаше 4:1 со погодоците на Мемедоски и Али Фејзулоски. Во финишот Алмир Фејзулоси ги постави конечните 5:1.
Искусниот Музафер Алиоски сам го реши Башкими 2008 откако постигна два гола во Крушево за победа на Питу Гули од 2:0, со што трите бодови од овој меч остана во Крушево.
Големо Коњари во вториот дел со три гола го доби Ултрас за конечни 3:0, откако во првиот дел мрежите мируваа. Даноски, Митрески и Селманоски беа стрелци на погодоците за лидерот кој запиша нова победа.

Слога на домашен терен во Лажани запиша пораз од 2:3 од екипата на Бучин. Каришик и Угњанин беа стрелци за домаќинот, а пак за гостинот стрелци беа Евтимџиоски, Муроски и Маркоски.
Венец и Младост од Кривогаштани ги поделија бодовите во Долни Дисан откако одиграа реми со четири гола за конечни 2:2.
Гостинот на полувреме имаше 0:1 со голот на Димоски. Во вториот дел Донев израмни на 1:1 во 64. минута, а пак Чешелковски во 70. минута погоди за ново водство на гостинот од Кривогаштани. Конечните 2:2 ги постави Димов во 81. минута.
Слободни екипи во оваа рунда беа Дреново и Росоман.