Трета лигаФудбал

Стојанов ја сруши Слога Виница – прв пораз за лидерот, без победник на дербито во Свети Николе!

Сподели
Сподели

Дербито на 8. коло во Трета лига – Исток се играше во Свети Николе каде се соочи Овче Поле и Брегалница од Делчево во меч каде трите бодови силно ги посакуваа и двете екипи. Дербито во Свети Николе заврши со по еден гол, но без победник (1:1).

Гостинот од Делчево одлично го отвори натпреварот и дојде прв до водство со голот на Валери Стаменовски во 17. минута од мечот. Во вториот дел Димитар Стојановски ги постави конечни 1:1.

Карбинци на домашен терен се соочи со непоразениот лидер Слога Виница, во обид да направи изненадување против апсолутниот фаворит и успеа во таа намера, со што лидерот од Виница го доживеа првиот сезонски пораз.

Слога Виница прва дојде до водство со голот на Игор Ѓоргиев, а пак домашниот тим преку Мирче Натков израмни на 1:1 на полувреме. Во вториот дел неизвесноста продолжи, тимот на Емил Грнев бараше гол за пресврт и за победа, но во финишот Слога Виница беше шокирана откако Бобан Стојанов постигна гол за конечни 2:1, голема победа за Карбинци и прв пораз за Слога Виница.

Малеш на домашен терен бараше нова победа против разнишаната Тиверија од Струмица каде на Градскиот стадион во Берово домаќинот со 3:1 го декласираше гостинот од Струмица.

На полувреме домашниот тим со голот на Матеј Левков имаше предност од 1:0 на полувреме, а во вториот дел Никола Трајков во 55. минута израмни на 1:1. До крајот на мечот Пачарски и Спенџарски постигнаа погодоци за конечни 3:1 со што трите бодови останаа во Берово.

Дојранско Езеро дојде до триумф над новалијата Светлост од Зрновци со 2:1. Јанкулов погоди во 31. минута за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот Петар Илиев ја дуплираше предност, а во 74. минута искусниот Влатко Коцев постигна гол за конечни 2:1.

Поранешниот прволигаш Хоризонт Турново во судиското надополнување остана без три бодови, откако одигра реми од 1:1 против Ударник од Пирава.

Искусниот Сашко Пандев по две минути игра постигна гол за 1:0 и водство на Турново, а во 91. минута Елдан Шата погоди за конечни 1:1 и огромна радост за гостинот од Пирава за освоениот бод против некогашниот прволигаш кој беше и вицешампион на Македонија и играше во Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!