Европско првенство 2026Ракомет

Франција сигурно стартуваше на ЕП, Чешка немоќна во Осло

Сподели
ФОТО: Equipes de France de Handball
Сподели

Со рутинско и доминантно издание, ракометната репрезентација на Франција ги оправда епитетите фаворит уште на стартот од Европското првенство. „Триколорите“ ја отворија групата Ц со убедлива победа над Чешка од 42-28 и веднаш се позиционираа на врвот со првите два бода.

И покрај тоа што на шампионатот настапуваат без повредениот Недим Ремили, Французите воопшто не дозволија дилеми околу победникот. На паркетот во Осло, избраниците на Гијом Жил одиграа сигурно, со висок интензитет и широка ротација која брзо го скрши отпорот на противникот.

Прашањето околу победникот практично беше решено уште во првото полувреме. Франција наметна темпо од самиот почеток, а Пранди, Наи и Фабрегас ја предводеа серијата со која фаворитот стигна до 10-3 уште во 15. минута. Чешка успеа накратко да го стабилизира ритамот, но на пауза се замина со солидни 20-14 за Французите.

Во продолжението разликата дополнително растеше. Мем и Ричардсон добија поголема улога во нападот, што резултираше со двоцифрена предност и целосна контрола на натпреварот. До последниот свиреж Франција само го зголемуваше водството за конечни убедливи 42-28.

Најефикасни кај победничката селекција беа Наи, Пранди и Ричардсон со по шест погодоци, додека во чешките редови се истакнаа Широки и Солак со по пет гола. Во вториот натпревар од оваа група, вечерва ќе се сретнат репрезентациите на Украина и Норвешка.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!