Втора лигаФудбал

Осогово ги закажа пријателските натпревари – ќе има тест со Вардар

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Осогово од Кочани го објави распоредот на пријателски натпревари кои ќе ги одигра во рамки на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Екипата предводена од тренерот Крсте Крстев со тренинзи ќе стартува на 17 јануари, а веќе од крајот на месецот ќе влезе во серија контролни средби.

Првиот тест е закажан за 24 јануари (сабота), кога Осогово на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се соочи со Детонит Плачковица. Четири дена подоцна, на 28 јануари (среда), кочанчани ќе гостуваат во Скопје кај Аеродром 2018, клуб кој настапува во Третата лига – Север.

Следниот контролен натпревар е предвиден за 31 јануари (сабота) против Беласица, додека најатрактивниот дуел ќе се одигра на 7 февруари (сабота), кога Осогово повторно на домашен терен ќе ги одмери силите со есенскиот шампион во Прва лига, скопски Вардар. Генералката е планирана за 13 февруари (сабота) против Вардар Неготино.

Со овој распоред Осогово ќе има можност да се тестира против екипи од различен ранг, при што дуелот со Вардар ќе биде вистинска проверка на моменталната форма и квалитетот на тимот пред продолжението на второлигашката конкуренција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!