Ракомет

Охрид ја продолжи соработката со Ристески, Тасески и Кукуловски

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако клубот официјално потврди дека тројца ракометари остануваат дел од тимот и во наредните сезони.

Левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески ја продолжија соработката со охридскиот суперлигаш до 2028 година, додека левиот бек Дејан Кукуловски потпиша договор до 2027 година.

Со овој потег, раководството на клубот од градот крај Охридското Езеро испраќа јасна порака дека се гради екипа на подолг рок, која треба да има значајна улога на домашната и меѓународната сцена.

Тројцата ракометари се дел од костурот на тимот и важна алка во концептот на стручниот штаб предводен од Борис Ројевиќ.

Охрид зад себе има успешен настап и во европските натпреварувања, каде што стигна до осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп, а со задржувањето на проверени сили клубот јасно ги најавува високите амбиции и за сезоните што следуваат.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!