Втора лигаФудбал

Јорданчо Наумоски ја засили Брегалница пред пролетниот предизвик за влез во ПМФЛ

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Второлигашот Брегалница официјално доби ново име во ростерот за вториот дел од сезоната, откако од денес Јорданчо Наумоски е нов член на „плаво-белите“.

Искусниот фудбалер ќе биде важна опција во средниот ред на штипскиот второлигаш во продолжението од шампионатот.

30-годишниот Наумоски зад себе има богато домашно искуство. Фудбалските чекори ги направи во ФК 11 Октомври од Прилеп, а како млад играч беше дел и од подмладокот на данскиот Брондби. Во Македонија настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Металург, Победа и Тиквеш, додека во Брегалница доаѓа од редовите на прволигашот Пелистер.

Со неговото ангажирање, Брегалница дополнително го зацврстува тимот пред стартот на пролетниот дел, каде што штипјани ќе атакуваат на влез во елитата. Се очекува во следните денови уште неколку засилувања да пристигнат во Брегалница.

Наумоски е второ зимско засилување во Штип, претходно Брегалница се засили со повратникот Бојан Рајков.

Клубот есенскиот дел го заврши на третата позиција со 33 бодови, три помалку од есенскиот шампион Охрид, а првиот пролетен предизвик Брегалница ќе го има на гостински терен против Кожуф во Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!