Втора лигаФудбал

Македонија ЃП е лидер, Брегалница е трета, Вардарски, Борец и Осогово пред тежок опстанок!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вчерашното 11-тото коло донесе промени на табелата во Втората лига, за кои претходно анализиравме и најавивме во Спортска Мрежа, дека токму 11-тата рунда ќе направат промени, а тоа и се случи.

Македонија ЃП е прва на табелата со 26 бодови, откако „лавовите“ со 3:0 ја добија Брегалница и со тоа штипските „сини“ го запишаа првиот сезонски пораз, па така Брегланица сега е трета со 24 бодови, а Башкими е втор со 26 бодови колку што имаа и „лавовите“.

Арсими дојде до голема победа над радовишки Детонит Плачковица со што сега Арсими е на 4. место на табелата со 23 бодови и има само три бода помалку од лидерот Македонија ЃП, а еден од Брегалница односно бараж зоната за Прва лига.

Охрид е на 5. место и има 20 бодови, а пак Кожуф е на шесттото место со 17 бодови. Беласица уште еднаш потврди дека со млад тим може да се направат резултати, треба време, енергија, треба донекаде можеби и губење на резултати, но Беласица со скор од три победи, седум ремија и само еден пораз има 16 бодови и се проби на седмото место на табелата со 16 бодови. Струмичани поминаа многу екипи на табелата кои беа пред нив.

На осмото место е Детонит Плачковица од Радовиш кој има 15 бодови, колку што има и Каменица Саса која е деветта.

Победа се зацврстува пополека во средишниот дел од табелата и има 13 бодови на своето конто и се наоѓа на десеттото место. Вардар Неготино има 11 бодови и е на 11-тото место, а пак Новаци се спушти на 12-тото место со 11 бодови.

Скопје е на 13-тото место, односно место над бараж зоната со десет бодови на своето конто.

Овие екипи практично ќе се борат за што повисок пласман, за средина од табелата, но и за сигурен опстанок многу порано.

Три екипи веќе уште од сега треба да се насочан кон тешката борба за опстанок. Осогово е во бараж зоната со пет бодови на своето конто односно на 14. место, Борец со исто пет бодови е место подолу односно на 15. место, а тоа значи зона за директно испаѓање во Трета лига, а на дното е Вардарски, тим без триумф со само два бодови на своето конто.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА 11. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!