Втора лигаФудбал

Тони Мичковски со одличен гол во финишот донесе голема победа за Саса над Новаци: Среќни и задоволни со три бода!

Сподели
Сподели

Каменица Саса во рамки на 11. коло обезбеди минимална, но голема победа на Новаци од 0:1, „рударите“ до трите бодови дојдоа во финишот од мечот односно во 90. минута, а стрелец на одличниот гол вреден три бодови беше Тони Мичковски кој игра во одлична форма.

За 23-годишниот фудбалер од Берово ова беше четврти погодок сезонава во дресот на Саса, откако претходно два гола постигна против Кожуф со што Саса обезбеди бод, а стрелаше и против Брегланица во Штип.

  • ГОЛОТ НА ТОНИ МИЧКОВСКИ ЗА ПОБЕДА НА САСА НАД НОВАЦИ:

 

„Беше тврд натпревар, со малку шанси за голови, но на крајот пресуди нашата желба за победа и приклучокот во горниот дел на табелата. Влегов од клупа и се играше финишот од натпреварот кога соиграчот Махир Ајрули ја украде топката од противникот на дваесеттина метри од голот ме проигра и постигнавме погодок кој беше вреден три бодови и си одиме среќни и за доволни за Македонска Каменица“, рече Мичковски во изјава за Спортска Мрежа.

Мичковски е во одлична форма и бележи одлични игри, тој е втор најдобар стрелец за Саса со четири голови, зад Андреј Симевски кој има седум гола за „рударите“. Саса го дели осмото место на табелата со радовишки Детонит Плачковица со по 15 бодови, а во следното коло Саса одново гостува овој пат на „Цвај арената“ во Неготино против Вардар Неготино.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!