Кожуф утре ќе ги започне подготовките, како што веќе објави Спортска Мрежа, а тимот е засили со неколку фудбалери, но во следните денови според нашите информации ќе бидат засилен со уште најмалку двајца играчи.
Нови фудбалери на Кожуф од Гевгелија како што дознава Спортска Мрежа се Ристе Лембовски, Давор Богевски, Лука Варешаноски, Давид Ивановски и голманот Антонио Шемковски кој е повратник во редовите на Кожуф.
Лембовски кој има 21 година доаѓа од редовите на Вардар Неготино кој е негов матичен клуб, а има настапувано и за Македонија ЃП. 19-годишниот Богевски последно беше дел од Слога Виница, а прилепчанецот кој првите фудбалски чекори ги направи во Перак, беше дел и од прилепска Победа.
Варешаноски е млад фудбал кој има 17 години, а почетоците ги имаше во тимот на Прилеп, потоа настапуваше за Победа, младинските категории на Брера Струмица, а последните шест месеци ги помина во дресот на Победа.
Ивановски кој има 18 години настапуваше во швајцарскиот тим Винтертур, а пак Шемкоски се враќа во Кожуф по шест месеци во Големо Коњари, а се работи за голман кој има 21 година.
Од тимот како што веќе објави Спортска Мрежа заминаа Николче Шаркоски, Благоја Спиркоски кој веќе е нов фудбалер на Охрид и голманот Борче Картов.