Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Тиверија Брера го закажа стартот на зимските подготовки!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Прволигашот ЖФК Тиверија Брера од Струмица во четврток ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб Славе Велков ќе го има првиот собир, првиот состанок, а потоа и првиот тренинг со кој струмичанки ќе ги стартуваат зимските подготовки.

Во следниот период ќе бидат закажани и пријателските натпревари преку кои ќе се проверува формата со цел тимот од Струмица максимално подготвен да влезе во пролетниот дел.

Засега единствено засилување како што веќе објави Спортска Мрежа е Никица Трендова, која по три години се враќа во Тиверија Брера, од редовите на Скопје, а настапуваше и за Цевитана од Прилеп.


Тиверија Брера презимува на третото место на табелата со 27 бодови, а пролетниот дел го отвара против Каменица Саса во Македонска Каменица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!