Втора лигаФудбал

Охрид утре ги „пали моторите“ – договорени неколку пријателски!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос
Сподели

Есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Охрид, утре ги започнува подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде популарните „рибари“ ќе водат борба да го потврдат првото место и како шампионите директно да обезбедат влез во Првата македонска фудбалска лига.

Според информациите на Спортска Мрежа, младиот стратег Ромео Кочоски утре ќе го има првиот собир со екипата за 2026 година, а како што дознаваме веќе се договорени неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата, но сигурно е дека ќе има уште некој тест повеќе.

Според информациите на Спортска Мрежа, „рибарите“ ќе ја проверуваат формата со прволигашот Струга Трим Лум, Новаци и Тетекс.


Како што веќе пишуваше Спортска Мрежа, раководството на клубот ја заврши главната цел – да го сочува ростерот од есенскиот дел кој направи голем резултатски успех, а притоа и да ангажира две засилување. Како што претходно информиравме нови имињата се Благоја Спиркоски кој дојде од Кожуф и Давор Серафимов кој дојде од прволигашот Шкупи.

Во есенскиот дел популарните „рибари“ на Кочоски забележаа 11 победи, три ремија и само еден пораз, со најефикасен напад кој реализираше дури 38 гола и втора најдобра одбрана со примени десет гола, а притоа Иван Глигоров е најдобар стрелец во второлигашкиот шампион.


Пролетниот дел тимот на Охрид го отвара против Беласица на гостински терен во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!