Кошарка

Градоначалникот Ќура со поддршка за КК Црн Дрим: Спортот како темел за развој на младите во Струга

Сподели
ФОТО: Општина Струга
Сподели

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со тренерите и кошаркарите од кошаркарскиот клуб „Црн Дрим“, на која се разговараше за актуелната состојба во клубот, спортските амбиции и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат младите спортисти.

Средбата помина во позитивна и конструктивна атмосфера, при што беше истакната важноста на спортот како клучен фактор за здрав начин на живот, развој на тимскиот дух и градење на лични вредности кај младите.

Градоначалникот упати поддршка и охрабрување до кошаркарите и стручниот штаб, потенцирајќи ја улогата на локалната самоуправа во создавање подобри услови за тренинг и натпреварување.

ФОТО: Општина Струга

Во рамки на разговорите беше нагласена и определбата на Општина Струга континуирано да стои зад спортските колективи, со посебен акцент на младинските категории и развојот на спортската култура во градот.

ФОТО: Општина Струга

„Општина Струга ќе продолжи да ги поддржува локалните спортски колективи, со јасна визија за поттикнување на младинскиот спорт и зајакнување на спортската култура во градот“, истакна општината по средбата со кошаркарскиот клуб Црн Дрим.

ФОТО: Општина Струга


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!