Дербито на колото во Втората лига се одигра во Ѓорче каде се соочи ланските прволигаши Македонија ЃП и Брегалница, во рамки на 11-тата рунда. „Лавовите“ и штипските „сини“ се судрија во директен дуел за трите бодови, во директен дуел за врвот од табелата, каде “лавовите” со 3:0 запишаа голема победа, со што “сините” од Штип го претрпеа првиот сезонски пораз.
Дарко Размоски постигна гол за 1:0, а потоа имаше уште една шанса која не ја искористи. Шанси и инцијатива имаше на двете страни, но на полувреме домаќините имаа гол предност.
Во вториот дел Ѓорги Стоилов погоди за 2:0, а за 3:0 погоди младиот Матео Софијаноски.
Башкими на домашен терен како голем фаворит го пречека тимот на Осогово кој е во резултатска криза, а денес во Куманово пукна “петарда” за убедлива победа од 5:1 на Башмими над тимот од Кочани.
Хамза Меметриза и Хусеин Демири беа двојни стрелци, а еден гол постигна Аган Сулимани, за Осогово погоди Даут Даути.
Детонит Плачковица имаше незгодно гостување во Гостивар кај разиграниот Арсими во натпревар каде домаќинот победи со 2:1. Искусниот Гафури постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Таипи даде гол за 1:1, а Шефити во финишот на мечот ги постави конечните 2:1.
Дуел од средишниот дел на табелата одиграаа Новаци и Каменица Саса каде трите бодови им беа цел и на двете екипи, а “рударите” со голот на Тони Мичковски дојдоа до голема победа од минимални 0:1.
Беласица во новата сезона се потпира на младите играчи на кои има дава шанса да се носат со предизвиците во Втората лига, денес во Струмица на „Благој Истатов“ струмичката фудбалска гордност се соочи со Кожуф во дерби каде немаше голови и победник 0:0.
Во Прилеп се одигра дуел каде Победа сакаше триумф, а Вардарски прва радост како второлигаш, на крајот Победа го здроби “фенерџијата” Вардарски со 6:2.
Гостинот преку Стојков и Миленковиќ имаше 0:2, а потоа Победа преку двата гола на Јошески и четирите гола на Талески дојде до конечни 6:2.
Охрид во страшно силна форма на „Билјанини Извори“ во Охрид го пречека тимот на Скопје каде исходот беше 1:1. Гостинот дојде прв до водство преку Жоглев, а во вториот дел Каба се покажа како херој со гол во 96. минута за конечни 1:1.
Во Велес се одигра дерби од дното на табелата меѓу Борец и Вардар Неготино каде гостинот носи голема победа од 1:2, па Борец ја продлабочи резултатската криза.
Обадиќ постигна гол за 0:1 на полувреме за водство на тимот од Неготино. Во 87. минута Костадиновски погоди за 1:1, радост кај велешани, но потоа шок и цунами, Зумровски во 94. минута даде гол за конечни 1:2 и голема победа за Вардар Неготино.