Ракомет

Нов пораз за Радовиш, Пролет до убедлив триумф!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Радовиш претпреа нов пораз со што и понатаму остануваат единствениот тим без триумф во Суперлигата, откако вечерва беа поразени на домашен терен од Пролет со резултат од 20:28.

На полувреме резултатот на мечот од 10. коло беше 8:14 за скопскиот тим. Во вториот дел Радовиш се обиде да се наметне и да ја подобри ефикасноста на нападот, а во одбрана да се постави подобро со цел да брка негатива за евентуален пресврт.

Во вториот дел многу шанси радовишани нереализираа, а тоа го казни тимот на Александар Јовиќ, со што Пролет веќе во 40. минута имаше 10:18 односно плус осум.

Шансите кои Радовиш не ги користеше, Пролет ги искористи максимално и одлепи на двојна предност од плус 11 гола за 10:21 во 44. минута.

Во финишот на рутина Пролет само го потврди високиот триумф од конечни 20:28.

Најдобар кај Радовиш беше Здравко Постолов со четири гола, а Славе Јанковски имаше три, а пак кај Пролет најефикасен беше Мохамед Таоуфик Маккар со осум гола, а Томислав Димковски имаше пет гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Кој ќе игра во Суперлигата – Соколи со Србиновски и Шкупи во трка за местото во елитата

Штип е пред можност повторно да добие суперлигашка кошарка, откако КК Соколи официјално поднесе барање на јавниот повик на Кошаркарската федерација на Македонија...

Втора лигаФудбал

Денес стартува 35. издание на Втората лига: Нов формат, големи амбиции и жестока битка за ПМФЛ

Денес стартува 35. издание на Втората македонска фудбалска лига, која во новата сезона носи одредени промени во системот на натпреварување во однос на...

Поврзани написи
Ракомет

Познат распоредот за јубилејното издание на турнирот „Крсте Андоновски“

Охрид повторно ќе биде центарот на ракометното внимание во втората половина од...

Ракомет

Екс репрезентативката Симона Грујовска стави крај на ракометната кариера

Една од најталентираните голманки во македонската женска Супер лига, Симона Грујовска, реши...

Ракомет

Охриѓанецот Петар Бошалески ново засилување за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје продолжува со формирањето на составот за новата сезона, а најново...

Ракомет

Слетa во Словачка, па веднаш на терен: Сара Миновска со два погодоци за новиот клуб

Македонската ракометарка Сара Миновска имаше одлично деби за новиот клуб, откако левото...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!