ФудбалФутсал

Берат Рамадани се раздели со шампионот Форца: Ви благодарам за сè!

Сподели
Сподели

Уште едно во низата заминувања од шампионот Форца, откако Берат Рамадани потврди дека заминува од кумановскиот прволигаш и со тоа кариерата ќе ја продолжи во новата средина.

30-годишниот Рамадани во Форца пристигна во септември 2023 година и со клубот од Куманово двапати ја освојуваше двојната Круна, а пристигна од редовите на Арбен Бајрами.

Претходно, искусниот играч настапуваше и за Шкупи и Јувентус Серава во Првата футсал лига на Македонија.

„Ве информирам дека од денес повеќе не сум дел од ФК Форца. Ви благодарам за сè“, кратко истакна Рамадани.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа од Форца си заминаа капитенот Таулант Исмаили, голманот Енсар Фера и Еркан Сефери.

Форца презимува на второто место на табелата во Првата футсал лига со 21 бод на своето конто, шест помалку од непоразениот лидер Проект од Јосифово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!