Вардарски во Прилеп ќе ја бара првата радост, Новаци и Саса сакаат три бода!
Денешното 11-то коло од Втората лига ни носи два интересни натпревари кои имаат различен карактер. Оној во Прилеп каде се среќаваат Победа и Вардарски ќе биде меч каде тимот од Богданци ќе ја бара првата сезонска радост дури во 11-тата рунда, откако Вардарски досега имаше само две ремија, а се останато беше порази.
Вардарски после 27 години се врати во Втората лига, но победа и натаму нема, можеби денес ќе се случи истата.
Прилепчани присобраа бодови и се протнаа кон 11-тото место на табелата, но сакаа триумф и против Вардарски со цел пополека есенската полусезона да ја финишираат со што е можно повеќе бодови на своето конто.

Овој е меч каде веќе Вардарски оди на се или нешто, да се земе бод ќе биде успех, да се земаат трите бодови ќе биде уште поголем успех, затоа што од коло во коло шансите на овој тим ќе му бидат се помали за директен опстанок, бидејќи конкурентите ќе прават бодовна разлика.
Прилепчани сакаат триумф со кој би биле деветти или пак десетти, во зависност како ќе одиграат Новаци и Саса.
Веќе го анализиравме мечот меѓу Борец и Вардар Неготно, во кој кажавме дека доколку тимот од Неготино победи, а Осогово, Борец и Вардарски запишат нови порази тогаш дефинитивно се прави голем бодовен пресек и овие три екипи ќе видат сериозна мака.

Новаци и Каменица Саса играат дуел од средишниот дел од табелата каде и двете екипи сакаат победа, особено Новаци, кој на последните пет кола има две ремија и три порази, па веќе триумф му е потребен на овој тим. Саса се врати на победничките патеки откако ја декласираше Победа и додаде три важни бодови на своето конто.
Со нов триумф „рударите“ може да се искачат и од седмото место на табелата, а пак Новаци со триумф само би бил токму пред Саса односно деветти, но во таков случај ќе има пак солидна предност во однос на опасната зона.
Многу комбинации кои зависат од овие два натпревари, па ќе биде навистина интересно со оглед на фактот што со денешното 11-то коло до крајот има уште пет кола. Есенската полусезона ќе заврши на 7. декември со натпреварите од 15. коло.