Втора лигаФудбал

Охрид сака седум од седум, верните „Рибари“ најавуваат инвазија и прославуваат 35 години!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Охрид по тренерската промена влезе во страшна серија и нанижа шест од шест, од дното на табелата дојде до петтото место, но сериозно притиска и е во ситуација и за местата кои водат кон Прва лига.

Атмосферата во Охрид е фантастична, клубот игра допадлив фудбал иако официјално нема назначено нов тренер. Како што веќе анализиравме во „Спортска Мрежа Анализа“, младиот Ромео Кочоски кој беше помошник сега го води тимот помогнат и од Гоце Толески, па оваа привремена опција може да премине и во трајно решение и секако дека заслужува.


Тоа што го работи 33-годишниот Кочоски е потврда дека младите тренери треба да добиваат повеќе шанса, тренери кои се посветени на максимално на својата едукација носат големи резултати со себе.

Охрид згази се пред себе и има шест од шест, денес на „Билјанини Извори“ ќе се случи вистинска инвазија на стадионот. Верните „Рибари“ најавуваат масовна поддршка за Охрид, воедно тие го прославуваат својот 35-ти роденден. Двојна радост за верните навивачи.

Охрид во секој сегмент ќе биде голем фаворит на денешниот меч против „пиратите“ од Автокоманда. Одличен и квалитетен тим, кој има одлична кохезија, млад тим со просечна старосна граница од 22,8 години, за формата нема и што да се зборува – шест од шест е потврда за страшната форма на Охрид, домашниот терен, домашната публика и верните „Рибари“ кои ќе приреда одлична атмосфера на трибините.


Охрид е на петтото место со 19 бодови, а со нов триумф може да има 22 бодови и да се надева на „киксови“ на водечките екипи, па во таков случај Охрид ќе се втурне во првите места кои водат кон Прва лига.

Скопје во Охрид го очекува тешко гостување, колку ќе може да го „преплива“ Охридското Езеро и дома да се врати со бодови ќе видиме веќе во 13 часот. Тимот не е во посакуваната форма има само една сезонска победа, само осум постигнати погодоци, со 11 примени.

Охрид и „Рибари“ сакаат седум од седум, Скопје доаѓа по изненадување на „Билјанини Извори“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!