Втора лигаФудбал

Благоја Спиркоски е ново засилување во ГФК Охрид Лихнидос

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос
Сподели

ГФК Охрид Лихнидос го најави своето ново засилување, искусниот фудбалер Благоја Спиркоски, кој доаѓа од редовите на ФК Кожуф од Гевгелија. Спиркоски е играч со богато искуство на средината на теренот и се очекува да донесе стабилност, креативност и лидерство во редовите на охридскиот второлигаш.

Во својата кариера, Спиркоски има остварено над 150 настапи во ПМФЛ, настапувајќи за неколку познати македонски клубови како ФК Кожуф, Победа, Македонија ЃП, Пелистер, Гостивар и Тиквеш. Неговото искуство и присуство на теренот ќе бидат клучни за тимот во борбата за врвот на табелата и во амбициите за враќање во прва лига.

Раководството на ГФК Охрид Лихнидос изрази голема доверба во Спиркоски, истакнувајќи дека неговото знаење и професионален пристап ќе имаат позитивно влијание врз помладите играчи во тимот, но и врз целокупната игра на екипата.

Со оваа трансфер акција, ГФК Охрид Лихнидос јасно покажува дека има амбиции да се засили и да се натпреварува на високо ниво, со цел да обезбеди подобри резултати и повисок пласман во Втората лига. Во следниот период се очекуваат уште нови засилувања во тимот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!