РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Гоце Седлоски официјално го претстави стучниот штаб со кој ќе ја води репрезентацијата

Сподели
Сподели

Во стручниот тим на селекторот Гоце Седлоски, како негови асистенти ќе работат: Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центарот за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, и Зоран Бошковски – Чоко, легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација.

Дел од стручниот тим ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој има 58 настапи за Македонија, додека тренер на голмани е именуван Гого Јовчев. Како видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Седлоски дополнително ќе го соопшти името на кондицискиот тренер кој ќе му се приклучи на тимот.

Со овој состав, Седлоски гради стручен штаб составен од докажани професионалци, со јасна цел – стабилност, континуитет и натамошен напредок на македонската репрезентација.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!