Екипата на Охрид без проблеми го совлада Куманово и со тоа ја оправда фаворитската улога откако „гладијаторите“ славеа со 33:39.
Избраниците на Стевче Алушовски во рамки на 9. коло уште еднаш покажаа добар ракомет и без проблеми победата ја најавија во првиот дел кога имаа плус четири на полувреме при 15:19. Во вториот дел само го декласираа противникот за конечни 33:39.
Најпрецизен беше Гал Цирар со 11 голови, а пак Гоце Ојлески имаше седум погодоци, додека кај Куманово најефикасен беше Винициус Мораиш кој постигна 14 гола.
Алкалоид лесно прокнижи уште една висока и убедлива победа од 26:39 над Пролет со што тимот на Кирил Лазаров е максимален на врвот од табелата во Суперлигата по девет кола.
На полувреме Алкалоид имаше плус пет при 15:20, а во вториот дел на рутина Алкалоид стигна до конечните 26:39.
Најдобар стрелец кај Алкалоид беше Мартин Серафимов со шест гола, а по пет гола имаа Митев и Бинго, додека кај Пролет најдобар беше Андреј Стојановски со седум гола.
- ТАБЕЛА ВО СУПЕРЛИГАТА ПО 9. КОЛО:
