Кошарка

Вардар броеше до 136! Трипл-дабл на Тасевска во историска победа

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Деветтото коло во Шпаркасе Лајф Првата лига – жени донесе спектакуларни натпревари, убедливи победи на фаворитите и еден резултат што ќе се памети долго. Кошаркарките на Вардар испишаа историја, поставувајќи клупски рекорд по бројот на постигнати поени во сениорска конкуренција, а капитенката Елена Тасевска блесна со трипл-дабл учинок.

Вардар – Патриот 2016 136:35

Скопскиот тим одигра натпревар за аналите, совладувајќи го младинскиот состав на Патриот од Делчево со неверојатни 101 поен разлика. „Црвено-црните“ реализираа дури 136 поени, а дури шест кошаркарки завршија со двоцифрен учинок.

Посебен печат на натпреварот стави капитенката Елена Тасевска, која оствари трипл-дабл – 20 поени, 14 скока и 10 асистенции, дополнети со шест украдени топки, за само 22 минути игра и вкупно 42 индексни поени.

Бадел 1862 – Баскет кам 64:81

Шампионките од Македонска Каменица одиграа зрело и контролирано дерби во Скопје, славејќи убедливо против Бадел 1862. Гостинките ја направија разликата уште во првото полувреме (46:29) и без проблеми ја одржаа предноста до крајот.
Димова беше прво име кај победникот со 24 поени и девет скока, додека Кметовска забележа дабл-дабл (19 поени, 13 скока). Кај Бадел 1862, Николов постигна 16 поени.


Крива Паланка – МЗТ Бела вода 83:48

Лидерот на табелата продолжи со сигурните настапи. Крива Паланка уште во првата четвртина создаде огромна предност (32:8), по што натпреварот доби рутински тек. Алексис Пул доминираше со 29 поени и 11 скока, додека Ниехуес и Груевска дадоа значаен придонес во победата.

Пробаскет – Спорт тим 84:63

Кавадаречкиот состав ја искористи шансата и со сигурна победа над Спорт тим направи скок на табелата. Овој триумф, комбиниран со поразот на Бадел 1862, му овозможи на Пробаскет да се искачи на четвртата позиција.

Табеларна состојба по 9. коло

На врвот нема промени – Крива Паланка, Вардар и Баскет кам имаат идентичен скор (8-1), што најавува исклучително возбудлива продолжница од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар стрелец. „Рибар“ и „пират“ го делат врвот на листата на најдобри...

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Поврзани написи
Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!