ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ| „Оваа полусезона е историска за Охрид – покажавме дека сме сериозен конкурент за врвот!“ – Борис Ројевиќ ја сумира успешната полусезона

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Успешната полусезона на ГРК Охрид носи јасен печат на стабилност, жар, желба и амбиција, а резултатите само ја потврдуваат насоката во која се движи клубот. Со Борис Ројевиќ на тренерската клупа, охриѓани уште летово ја најавија својата победничка ориентација, освојувајќи ги трофеите на турнирот во Струга, како и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а дополнителна тежина на настапите им дадоа и домашните победи над Еурофарм Пелистер и Алкалоид во Супер лигата.

Српскиот ракометен стратег од летово го презеде кормилото на ГРК Охрид со јасна мисија и долгорочна визија. Договорен на период од три сезони, Ројевиќ во Охрид пристигна по исклучително успешниот ангажман во РК Војводина од Нови Сад, каде остави длабока трага освојувајќи бројни домашни и меѓународни трофеи. Роден на 13 јануари 1980 година, тој со себе донесе искуство, препознатлив систем и изразен победнички менталитет, што брзо се одрази и на резултатите на охридскиот состав.

За патот до овие успеси, клучните моменти од полусезоната, европските предизвици и визијата за продолжението од сезоната, во ексклузивно интервју за Спортска Мрежа, разговаравме со тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Во продолжение, стратегот на охриѓани ги сумира впечатоците од есенскиот дел, зборува за амбициите на клубот, трансфер-политиката, европските предизвици, но и за проектот што, чекор по чекор, гради убава ракометна приказна во градот под Самуиловата тврдина.

  • Имавте успешна полусезона, како го оценувате ГРК Охрид во есенскиот дел од сезоната?

„Оваа полусезона за нас беше, би рекол- историска. Остварените резултати поставија нов стандард за клубот и јасно покажаа дека се движиме во вистинска насока.”


  • Ќе може ли краток коментар за натпреварите со Алкалоид и Еурофарм Пелистер.. сега откако се смирија страстите и се направија повеќе анализи, што би можеле да кажете во врска со тие две важни и големи победи за Охрид?

„Алкалоид и Пелистер се врвни екипи, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Да се води со 7–9 голови разлика во 50. минута против вакви противници значи дека сè во екипата функционираше речиси до совршенство. Тие победи беа навистина посебни, а атмосферата што ја создадоа нашите навивачи беше неверојатна и нè носеше во текот на целиот натпревар.”

ФОТО: ГРК Охрид
  • Може ли да очекуваме промени во ростерот? Ќе има ли заминувања и засилувања? Доколку има засилувања, на која позиција би биле?

„Очекуваме едно до две доаѓања, како и исто толку заминувања, пред сè играчи кои би оделе на позајмица. Целта ни е да го задржиме балансот и конкуренцијата во екипата, бидејќи од февруари нè очекува ритам на натпревари на секои три дена. Секое засилување го бираме исклучиво според јасните потреби на тимот.”

  • Тимот на Охрид ќе се соочи со чешкиот тим Дукла Прага во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Што очекувате од овој двомеч од ЕХФ Купот? Колку го познаваме противникот?

 „Противникот веќе добро го познаваме. Очекувам максимален пристап и верувам дека можеме да обезбедиме пласман понатаму и да испишеме уште една значајна страница во историјата на клубот.”

ФОТО: ГРК Охрид
  • Иако е рано да се каже и има уште многу да се игра, меѓутоа полека, но сигурно, почнуваат да се гледаат првите успешни чекори од новиот проект на клубот. Какви се Вашите впечатоци и импресии за проектот на ГРК Охрид? Исто така, како го коментирате мак-ракометот, квалитетот и конкуренцијата?

„Веќе во текот на полусезоната ги исполнивме целите кои беа планирани за целата сезона, но не сакаме тука да застанеме. Нашата амбиција е на секој натпревар да одиме на победа, без разлика дали играме против екипи со значително поголем буџет. Македонскиот ракомет денес е исклучително конкурентен и поквалитетен од порано, а проектот на ГРК Охрид дополнително го подигна вкупниот квалитет на лигата, која по своето ниво спаѓа меѓу најсилните во регионот, па и пошироко – ретки се лигите во Европа кои имаат четири, вака силни, екипи. Луѓето кои го водат клубот се целосно посветени, практично 24 часа дневно, а нивната енергија, визија и однос кон клубот се навистина импресивни. Токму тие се главната причина за моето доаѓање во Охрид. Имав понуди и од значително позвучни средини, но разликата помеѓу Охрид денес и пред шест месеци е огромна, благодарение на посветеноста и работата на сите нас во клубот.”- вели Ројевиќ.

ФОТО: ГРК Охрид

Полусезоната покажа дека ГРК Охрид со Борис Ројевиќ на чело има јасна насока и потенцијал за уште поголеми успеси. Од освоените турнири и домашните победи до подготвеноста за европските предизвици, тимот го гради својот идентитет на база на работа, посветеност и амбиција, станувајќи сериозен конкурент на водечките екипи во лигата – Еурофарм Пелистер, Вардар и Алкалоид. Како што вели самиот тренер, проектот што започна летово е само почеток, а охриѓани со континуитет и вистинска стратегија се подготвени да испишат нови страници во историјата на клубот.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!