Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Сподели
Сподели

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден натпревар.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите кои ќе стартуваат од 14:30 часот.

Натпреварот во Струмица меѓу Беласица и Тетекс ќе го суди Крумислав Ѓоргиев, а ќе му помагаат Александар Гигов и Зоран Саздовски, а пак Здравко Костовски ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата во Струмица ќе биде Цане Будимов, а пак контролор ќе биде Злате Лозаноски.

Во Виница главен судија ќе биде Александар Урошевиќ кој ќе им суди на Слога и Шкендија Арачиново, помошници ќе бидат Куштрим Лика и Мартин Дејаноски, а пак Ненад Тодоровски ќе биде четврт судија.

Делегат на средбата ќе биде Деан Марковски, а контролор Никола Божиновски.

Во Радовиш главен арбитар ќе биде Ивана Пројковска, која ќе им суди на Детонит Плачковица и Осогово, асистенти ќе бидат Иван Ивановиќ и Бесар Абудли, а пак Дејан Младеновски ќе биде четврт судија.

Делегат ќе биде Алајдин Асани, а пак Ѓорги Карајанов ќе биде контролор на оваа средба.

Ндерим Тефику ќе го суди мечот меѓу Скопје и Кожуф на „Железарница“ во Автокоманда, негови помошници ќе бидат Станко Митровиќ и Александар Ајдаров, а четврт судија ќе биде Никола Петковски.

За делегат на овој меч е делегиран Зоран Перески, а контролор ќе биде Марјан Ецкоски.



На „Билјанини Извори“ ќе играат Охрид и Вардар Неготино, а правда ќе дели Бардхиљ Ибраими со помошниците Хабиљ Љиворека и Метин Османи, а пак Димитар Левески ќе биде четврт судија.

Зоран Гелов е одреден за делегат, а за контролор Драган Ристовски.

Доне Ристовски ќе патува во Ресен каде ќе им суди на Преспа и Брегалница, а ќе му асистираат Петар Степановски и Јовче Кокевски, а четврт судија ќе биде Блаже Петковски.

Цветко Костовски е делегат на овој меч, а контролор е Љубе Ристевски.



Јордан Јовановски ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Каменица и Новаци, а покрај аут-линиите ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а Спире Арсов ќе биде четврт судија.

Митко Бојаџиев е делегат на оваа средба која се игра во Македонска Каменица, а контролор е Орце Стефановски.

Колото се затвара в недела со мечот меѓу Големо Коњари и Победа, а таму Ангелчо Ристов ќе дели правда, а ќе му помагаат Ване Данилов и Зоран Ангелов, а Дарко Котевски ќе биде четврт судија.

Тони Петков ќе биде делегат, а контролор ќе биде Душко Милошески.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!