Вечерва, четврток на програмата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе има четири натпревари – два кај јуниорите и два кај сениорите.
Вечерта стандардно се отвара во 18 часот со средбата меѓу јуниорите од генерација 2012/2013 меѓу Кирил и Методиј против Mild Home Store, а половина час подоцна се игра мечот во јуниорите од генерација 2010/2011 каде Фабела Бојс оди на мегдан со Mild Home Store.
Вечерва во сениорска конкуренција се отвара во 19 часот – радовишкиот тим Порта ЕУ Фреит Оне оди на соочување со ФК Лион, а во 19:45 часот радовишани ќе одиграат уште еден меч – овој пат силите ќе ги одмерат со тимот на Еклер Транс.
Спортска Мрежа за првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.