Турнири

Илинден 2007 и Алупласт Јосифово прокнижија победи на “Стојаково 2025”

Сподели
Сподели

Голеадата на турнирот во мал фудбал “Стојаково 2025” продолжува. Одново публиката следеше мечеви со многу погодоци.

Кај јуниорите генерација 2016/2017 екипата на Жила Стојаково загуби со 0:3 од Мини Дриблерс.

Во вториот меч од генерација 2010/2011 тинот на Бригада 12 загуби од Маркет Го-Да Чонов Микро со 2:3 во возбудливо соочување.

Кај сениорите вечерта беше отворена со високата победа на Илинден 2007 од 9:4 над Десива Транспорт.

Во вториот меч во оваа конкуренција Алупласт Васил Јосифово со 3:2 го доби мечот со Млаз Инженеринг Транспорт.

Вечерва ќе има ново возбудувања и богата програма, најавата можете да ја прочитате овде.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој турнир во мал фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!