ИнтернационалциФудбал

Македонец во стручниот штаб на All Star мечот на најсилната младинска лига во САД – Ален Саздов дел од елитата на ECNL

Сподели
Сподели

Македонскиот тренер на голмани Ален Саздов од Свети Николе запиша голем меѓународен успех, откако викендов беше дел од стручниот штаб на All Star натпреварот во рамки на најквалитетната женска младинска лига во САД – ECNL (Elite Clubs National League). Мечот се одигра во Канзас Сити и ги обедини најдобрите фудбалерки од источната и западната конференција.

Саздов беше ангажиран како тренер на голмани во двете селекции, а поканата дојде директно од лигата преку неговиот клуб Chicago Inter Soccer Club, каде што моментално работи. ECNL ја препозна неговата експертиза и професионална работа, што е особено значајно ако се знае дека лигата брои околу 130 клубови само во главната дивизија и повеќе од 300 во ECNL Regional League, распоредени во десет конференции низ целата држава.

Во текот на настанот, Саздов беше задолжен за подготовка и детална евалуација на голманките. Меѓу нив се истакна голманката Грејс од Охајо, која доби највисока оценка – 4, и беше прогласена за „Man of the Match“. Натпреварот заврши 3:3, а по изведување пенали подобри беа селекциите од Исток.


Пред овој престижен ангажман, Саздов со својот клуб учествуваше и на Select Game викендот, исто така во Канзас, каде што учествуваат сите клубови што се натпреваруваат во ECNL низ САД.

  • Кариера од Македонија до американската фудбалска елита

Ален Саздов своите фудбалски почетоци ги имаше во македонските клубови Работнички, Македонија ЃП, Маџари Солидарност и Овче Поле, каде настапуваше како голман. Во тренерската кариера најпрво работеше во „New York City FC“ во талент центарот, пред да се пресели во Чикаго.


Покрај работата како тренер на голмани, Саздов е и лиценциран Strength and Conditioning тренер, а во својот клуб делува и како главен тренер, специјалист за физичка подготовка и тренер на голманите.

  • Големо признание за македонскиот стручен кадар

Да се биде дел од елитен настан како All Star натпревар на ECNL, каде се селектираат најдобрите од цела Америка, претставува огромно признание. Саздов за Спортска Мрежа ексклузивно истакнува дека да се избере од толку многу клубови и стручни лица на национално ниво е голема чест и потврда дека македонските тренери имаат квалитет да бидат дел од највисоките стандарди во светскиот младински фудбал.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!