ФудбалЧетврта лига

Средба на Манчев и Илиев во Босилово: Поддршка за локалниот фудбал и најави за нови инвестиции во спортот

Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица, Илија Илиев – Рома.

Разговорот беше во насока на продлабочување на соработката и унапредување на фудбалските активности во општината. Фокусот на средбата беше ставен врз функционирањето на Општинската фудбалска лига, развојот и поддршката која Босилово ја обезбедува за локалните фудбалски колективи – ФК Хоризонт Турново, ФК Напредок Радово и ФК Дрвош – како и планираните општински инвестиции во спортската инфраструктура.

Градоначалникот Манчев истакна дека стимулирањето на спортот и младите е врвен приоритет за општината, со јасна порака и охрабрување до сите населени места.

“Денес остварив средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, дел од Фудбалската федерација на Македонија, Илија Илиев. Разговаравме за соработката во општинската фудбалска лига, поддршката која општина Босилово ја дава на ФК Хоризонт Турново, ФК Напредок Радово и ФК Дрвош и за идните инвестиции кои општината ќе ги спроведе во спортската инфраструктура. Спортот и младите се врвен приоритет на нашата општина, затоа ги повикувам и другите населени места да формираат фудбалски клубови кои ќе се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига, а Општина Босилово останува партнер и поддржувач за сите клубови”, рече градоначалникот Манчев.

Општина Босилово и понатаму останува отворена за иницијативи и проекти кои значат развој на спортот и создавање подобри услови за младите спортисти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!