Останато

ФОТО: Доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории на „Србија Опен 2025“

Сподели
Сподели

Минатиов викенд, клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација – „Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид), „Мастер“ (Охрид), „Сонкал“ (Мислешево – Струга) и „Ге-Бек“ (Ресен) –учествуваа на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ „А“ класа натпревар „Србија Опен 2025“, што се одржа во Нови Сад, во кокуренција од над 400 натпреварувачи од 8 земји.

Под водство на националните тренери Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски, настапија 25 натпреварувачи и 4 судии од клубовите членки на М.Т.Т.Ф

Очекувавме добри резултати од овај натпревар, но браќата Димитриевиќ направија несекојдневен подвиг,доминирајќи во четири тежински категории во сениорска конкуренција, што ретко кој може да го направи. Успехот на овие двајца спортисти ќе има големо влијание на помладите натпреварувачи, бидејќи им покажуваат што значи упорност, дисциплина и посветеност на тренингот. Одлично е што дури и во тешките категории како -92 кг и +92 кг, Божидар успеа да го развиори Македонското, додека Владимир со силни настапи против светски и европски шампиони покажал дека е подготвен да атакува на врвот.

Тројца наши натпреварувачи си ја пробуваа среќата и во потешка категорија. Божидар Димитриевиќ натпреваруваше во сениорска категорија – 92 кг.и +92 кг , со што во двете категории успеа да ги совлада сите противници , и успеа двапати да го развиори Македонското знаме највисоко на пиедесталот.

Владимир Димитриевиќ натпреваруваше во сениорска категорија – 78кг.и -85 кг, кој во финале во неговата категорија -78 кг, се сретна со актуелниот светски вицешампион од Бугарија, Димитар Величков, покажувајќи извонредна борба победувајќи го убедливо, додека во категоријата -85 кг, истотака во финалето се најде со Европски шампион, во последните 20 секунди изгуби тесно , со што покажа дека е рамо до рамо со шампионите и е спремен да атакува на титула наредните Европски или Светски првенства.


Климент Богоески натпреваруваше и тој во две тежински категории вомладинска конкуренција -63, и -69 кг, но во двете категории беше зашрен од Актуелниот Евоспки шампион Спесивтсев Егор од Бугарија, кој во првата категорија изгуби заслужено, но во втората изгуби за ден поен , што покажува дека учи брзо, и спремен да ја претставува нашата решрезентација на Европско првенство.

Наградите што ги освоија клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација се исто така импресивни. Освоени се вкупно 22 медали (7 златни, 4 сребрени и11 бронзени), што го потврдува квалитетот на подготовките и стручниот тим.,изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски кој изразува најголема благодарност до Генералниот спонзор “ПН Метал” за нивната долгогодишна подршка во развојот на Таеквон-до ИТФ спортот во Македонија.


  • Освоени медали по клубови

„Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид),

Теодора Митреска
• 1 место – форми, Сениори (борба со замислен противник, црвен појас (18–34 години)
• 2 место – борби, Сениори -67кг (18–34 години)
Теодора Тодороска
• 1 место – форми, младинки (борба со замислен противник, Плав појас (16– 17 години) • 3 место – борби, Ј младинки -64 кг (16–17 години)
Анастасија Чулческа
• 1 место – форми, младинки (борба со замислен противник), Зелен појас (16– 17 години) • 3 место – борби, младинки -58кг (16–17 години)
Миа Танеска
• 1 место – борби, Кадетки +55кг (12– 13 години) • 2 место – форми, Кадетки (борба со замислен противник), Црвен појас (12–13 години)


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!