Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Милош Гавриловиќ е нов селектор на женската одбојкарска репрезентација на Македонија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Српскиот стратег Милош Гавриловиќ е назначен за нов селектор на женскиот сениорски национален тим. Актуелниот тренер на романскиот Динамо Букурешт е изборот на Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија да ја преземе водечката улога во претстојниот период. Договорот е со важност од две години, со можност за продолжување.

Гавриловиќ ја презема функцијата по завршувањето на соработката со досегашниот селектор Стефан Пауновиќ, кој ја предводеше репрезентацијата во последните четири години. Новиот македонски селектор од 2019 година активно работи во Романија, каде со успех ги води женските екипи на Динамо Букурешт. За 41-годишниот тренер, работата со млади играчи претставува особен предизвик, а во Македонија доаѓа со јасна визија за развојот и напредокот на националниот тим.

„Ги следев настапите на Македонија во Европската лига и квалификациите за ЕП 2026 и сметам дека тимот има талент и потенцијал. Работата со млади играчи секогаш е предизвик за мене, и верувам дека со добра работа и трпение можеме да стигнеме до резултати. Сакам и јас како тренер да растам заедно со екипата. Моите обврски стартуваат веднаш – веќе ги следам настапите на дел од играчите и имам визија во која насока треба да се движи тимот. Планирам скоро да дојдам во Македонија за да одржиме состаноци со новиот стручен штаб и да ги дефинираме плановите и програмата пред првата акција во мај следната година. Се радувам на новиот предизвик“, изјави Гавриловиќ.

Новоформираниот стручен штаб ќе го состави самиот селектор, а засега е познато дека нов кондиционен тренер ќе биде Романецот Рареш Стелиан Стоика, со кого Гавриловиќ соработува и во Динамо Букурешт. Останатите членови на стручниот тим ќе бидат дополнително утврдени.

Своето официјално деби на клупата на Македонија, Гавриловиќ ќе го има следната година, кога репрезентацијата ќе настапи во Европската лига 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!