Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една победа, и со четири ремија во досегашните 15 кола, тимот од Дебар Маало апсолутно потфрли.

Го знае тоа и голманот Васко Василев, кој вели дека денешниот дуел со Силекс е добра можност барем нешто да се спаси.

„Знаеме дека оваа полусезона Работнички тотално потфрли. Нѐ очекува последниот есенски дуел против Силекс и ќе сториме сѐ барем малку да ја намалиме штетата. Што се вели, барем малку да се спаси од она што не го исполнивме како план и цели на тимот. Работевме напорно изминатиот период и се надеваме дека конечно ќе одиграме добар натпревар и ќе освоиме бодови“, изјави Васко Василев.

Натпреварот меѓу Работнички и Силекс се игра на Арената „Тодор Проески“, со почеток во 13 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!