Ракомет

Македонија со силен старт во Анкара – победа над домаќинот Турција!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја отвори ЕХФ неделата со важен триумф, совладувајќи ја Турција на гостински терен со 26-29. Нашите ракометарки одиграа цврст и дисциплиниран натпревар, покажувајќи зрелост токму во клучните моменти од мечот.

Дуелот во Анкара започна израмнето, со доста борба и многу тактички надмудрувања. Двете селекции одржуваа рамнотежа цели 30 минути, што најдобро го покажува резултатот од 12-12 на полувремето. Македонија повремено успеваше да поведе, но Турција брзо се враќаше, користејќи ги грешките во нашата дефанзива.

Во вториот дел, избраничките на селекторот Грчевски го кренаа темпото и постепено ја презедоа контролата. Петковска повторно беше сигурна на голот, со низа клучни интервенции, вклучувајќи и одбранет седмерец. Во нападот, беспрекорна беше Ризоска, која со 11 погодоци беше далеку најрасположената ракометарка на теренот.

Македонија првпат создаде поудобно водство во последната третина од мечот, кога со погодоците на Седлоска, Миленкоска и Коцева стигна до предност од два-три гола. Иако Турција се обиде да се врати во игра во завршните минути, нашите девојки останаа смирени и со зрел пристап ја задржаа предноста до самиот крај.


Со овој триумф, Македонија ја започнува ЕХФ неделата на најдобар можен начин, а веќе утре ја очекува нов голем предизвик – дуел со селекцијата на Словенија од 12:00 часот. Во недела, пак, нашите ракометарки ќе играат против Словачка, со што ќе го комплетираат настапот на турнирот во Анкара.

Одличниот почеток дава надеж дека Македонија ќе продолжи во исто темпо и на следните два натпревари.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!