Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Необична сцена во Штип – главниот судија се повреди по судар со фудбалер

Сподели
Сподели

Необичен и ретко виден момент го одбележа натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија во рамки на 14. коло од помладата пионерска суперлига. Иако дуелот заврши со минимална победа на гостите од Тетово (2:3), вниманието го привлече ситуацијата во 21. минута, кога главниот судија мораше да го напушти мечот поради повреда.

Додека играта се одвиваше на средината од теренот, фудбалер на Брегалница ја водеше топката, а играч на Шкендија се обиде да интервенира. Во тој момент, ненадејно, фудбалерот на Шкендија се судри директно со главниот судија Петар Михаилов од Кочани. Сударот беше доволно силен за судијата да не може да продолжи со водење на натпреварот.

Настанот е официјално заведен и во записникот од натпреварот:

„Поради повреда на главниот судија во 21. минута првиот помошник Спире Арсов го продолжи натпреварот“, се наведува во записникот.

По интервенцијата, мечот продолжи под водство на првиот помошник судија Спире Арсов, кој ја презеде улогата на главен судија до самиот крај.

Необичниот момент веќе предизвикува внимание меѓу љубителите на младинскиот фудбал, а видеото од ситуацијата брзо се проширува на социјалните мрежи.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!